930 невработени ќе почнат сопствен бизнис

Bez autora
Feb 05 2013

Деветстотини и триесет невработени лица добиваат можност да почнат сопствен бизнис преку Програмата за самовработување, за која Агенцијата за вработување објави оглас. Лицата што ќе аплицираат за почнување бизнис добиваат од државата 185.000 денари како неповратни средства за набавка на опрема и репроматеријали и 16.897 денари за основни обуки за водење бизнис и регистрација, односно вкупно 201.897 денари. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски информираа дека невработените лица што ќе аплицираат ќе добијат поддршка за реализација на нивната бизнис-идеја преку обезбедување обука со советување за изработка на бизнис-план и обука за планирање и управување со бизнис, што ќе трае пет дена.

930 невработени ќе почнат сопствен бизнисДеветстотини и триесет невработени лица добиваат можност да почнат сопствен бизнис преку Програмата за самовработување, за која Агенцијата за вработување објави оглас.

Лицата што ќе аплицираат за почнување бизнис добиваат од државата 185.000 денари како неповратни средства за набавка на опрема и репроматеријали и 16.897 денари за основни обуки за водење бизнис и регистрација, односно вкупно 201.897 денари.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски информираа дека невработените лица што ќе аплицираат ќе добијат поддршка за реализација на нивната бизнис-идеја преку обезбедување обука со советување за изработка на бизнис-план и обука за планирање и управување со бизнис, што ќе трае пет дена. Во изминатите години обуките што се спроведуваа за Програмата за самовработување траеја два дена, а според Ристовски зголемениот број на деновите за обука сега треба да обезбеди подобар квалитет на бизнис-плановите. За Програмата за самовработување, која е дел од Оперативниот план за активни мерки за вработување за 2013 година, во изминатиот период постоел голем интерес. Минатата година за 900 самовработувања аплицирале 4.783 лица. Од 2007 година заклучно со минатата година досега се регистрирани 4.840 нови бизниси.

Според директорот Поповски, анализата на мерката за самовработување во изминатите шест години покажала дека 77,2% од досега финансираните бизниси по тој основ заклучно со 2010 година опстојуваат се уште и се успешни. Од вкупно 4.840 лица колку што досега добиле грант, 85% се се уште во работен однос, од кои 77% во свои фирми, а останатите во други правни субјекти. Од вкупно дадените финансии за самовработување за 2010 година, 28,2% го прошириле својот бизнис и овозможиле дополнителни вработувања.

Преку програмата за самовработување, според него, има интерес за отворање бизниси за сите области, пред се за трговија, мали занаетчиски бизниси, поголеми производствени бизниси, земјоделство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik